Околу 1.30 часот по полноќ по хаотичниот меч меѓу Реал Мадрид и Партизан со соопштение се јави и Евролигата, потврдувајќи дека дуелот ќе биде регистриран со постоечкиот резултат во моментот на прекинот.
Воедно, челниците на Евролигата најавија дека конечната одлука за санкциите во учеството за тепачката ќе биде донесена во текот на денешниот ден.
„Вториот меч од четвртфиналето меѓу Реал Мадрид и Партизан е прекинат на 1:40 минута до крајот, по тепачката на теренот, во која целите клупи се најдоа на теренот за игра. Откако беа изречени казните на сите учесници во инцидентот, по напуштањето на клупите, ниту еден тим немаше доволен број на играчи (минимум два) неопходни за натпреварот да се заврши. Затоа, дуелот се смета за официјално завршен, и тоа со резултатот 80-95 во моментот на прекинот. Евролигата го испрати својот извештај до независното дисциплинско тело, кое во следните 24 часа и официјално ќе ги донесе одлуките за казните“ објави Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА