Се огласи и ФИФА – Меѓу настраданите во Камерун и четиригодишно дете

Трагедијата која се случи на Афричкиот куп во пресрет на натпреварот помеѓу Камерун и Комори од час во час добива нови размери. Првичните информации велеа дека во стампедото загинаа шест лица, а според извештаите сега оваа бројка се искачи на осум со тоа што на повредите подлегна и четиригодишно дете.

Како потсетување, стампедото се случило додека голем број на луѓе се обидувале да влезат на стадионот Олембе во главниот град на Камерун за натпреварот од осминафиналето.

По целата ситуација се огласи и ФИФА која испрати сочуство до фамилијата и пријателите на загинатите.

„ФИФА изразува најискрејно сочуство до фамилијата и пријателите на жртвите кои го изгубија животот во трагичниот инцидент кој се случи пред Олембе стадионот. 

Мисли и молитви од целата фудбалска заедница се со оние кои се повредени како и со членовите на Афричката фудбалска конференција и Фудбалската федерација на Камерум во овие тешки моменти“, стои во соопштението на ФИФА.

Се вчитува...