Се огласи и ФК Работнички: Сериозно сме оштетени, не ни е признат регуларен гол против Воска (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Работнички се огласи на својот профил на „Фејсбук“, реагирајќи на ситуацијата од 72. минута на мечот со Воска Спорт, кога им беше поништен регуларен гол.

Топката ја мина гол линијата, но судиите на овој меч на чело со главниот Јован Качевски од Струга, и неговите помошници Ристоски од Струга и Јанкулоски од Кичево, направија пропуст и не признаа чист гол.

За оваа ситуација вчера пишуваше и ЕКИПА.  

Тимот на Работнички на својот Фејсбук објави:

„ФК Работнички е сериозно оштетен на вчерашниот натпревар против Воска Спорт!  Не е признат регуларен гол во 72.минута, што може да се погледне од видеото“, стои во објавата на Работнички.

Уште еднаш видеото и фотографијата со видео на ЕКИПА

Се вчитува...