Кошаркарите на Партизан во среда од 21 часот гостуваат на Реал во Мадрид во одлучувачкиот петти меч од плејофот за пласман на Фајнлфор во Евролигата.
А, пред мечот се огласи и кошаркарот на Реал, Гершон Јабуселе кој е казнет со пет меча суспензија поради суровото однесување за време на инцидентот во вториот дуел во Мадрид. Тој нема да биде во можност да настапи во среда, но преку својот Инстаграм профил истакна дека едвај чека да дојде среда…
„Работата завршена. Едвај ја чекам среда“ – порача Јабуселе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА