По вчерашниот ждреб во кој Италија за противник ја доби Македонија, се огласи и популарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро, кој упати мала провокација до нашите фудбалери.
Канаваро изјави дека Италија нема од што да се плаши, потенцирајќи дека репрезентации од рангот на Македонија не се нивна закана.
„Нема од што да се плашиме, нормално секој противник треба да се почитува. Сепак Италија не треба да се плаши од тим како Македонија. Ако момците играат како на Европското првенство тогаш нема да имаме проблеми“, заклучи Канаваро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА