Речиси целиот фудбалски свет од вчера зборува за голманот на Тотенхем, Антонин Кински. Младиот 22-годишен чешки чувар на мрежата доби шанса да го чува голот на лондонскиот тим на мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Но, беше заменет по само 20 минути игра, откако Тотенхем имаше негатива од три гола во Мадрид.
Англиските медиуми и аналитичари, како и поранешни фудбалери остро го нападнаа тренерот Игор Тудор, а застана во одбрана на младиот голман. На Кински прво поддршка му пружи екс англискиот репрезентативец Џо Харт, а потоа и Давид Де Геа.
Самиот Кински се огласи и на социјалните мрежи.
„Како голман сонувате за големи натпревари како овој, но понекогаш фудбалот е сурова игра и одеднаш сè тргнува наопаку. Јас ја преземам одговорноста за моите грешки. Раното напуштање на играта е болно, а напуштањето на теренот беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Но, исто така знам дека сето ова е дел од фудбалот. Паѓаш, но наоѓаш сила повторно да станеш. Благодарен сум им на моите соиграчи и навивачи кои продолжија да ме поддржуваат дури и во вакви моменти. Вашата поддршка ми значи повеќе од сè. Ви ветувам дека ќе продолжам да работам уште понапорно и дека ќе се вратам и ќе го докажам мојот квалитет“, напиша Кински.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

