Португалија синоќа беше елиминирана од ЕВРО 2024 година, откако загуби од Франција по изведување на пенали. Овој пат голманот Кошта не успеа да одбрани ниту еден удар од белата точка, откако на претходниот меч со Словенија скроти дури три.
Кристијано Роналдо, капитенот на Португалија кому ова му беше последно Европско првенство, се огласи на социјалните мрежи после елиминацијата на неговата селекција.
„Сакавме повеќе. Заслуживме повеќе. За нас. За секој од вас. За Португалија. Благодарни сме за се што ни дадовте и за се што постигнавме досега. Во и надвор од теренот, сигурен сум дека оваа селекција ќе се почитува и ќе продолжи да се гради. Заедно“, стои во објавата на Роналдо.
Queríamos mais. Merecíamos mais. Por nós. Por cada um de vocês. Por Portugal.
Somos gratos por tudo o que vocês nos deram e por tudo que conquistámos até aqui.
Dentro e fora de campo, tenho certeza de que este legado será honrado e continuará a ser construído. Juntos. pic.twitter.com/C34YgfKLmg
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) July 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА