Аргентинското обвинителство покрена истрага против личниот доктор на Диего Армандо Марадона, во текот на вчерашниот ден извршувајќи рација во неговиот дом и приватната клиника како прецизно би се испитале причините за смртта на легендарниот фудбалски ас.
Поради целиот притисок создаден од јавноста, аргентинските власти се одлучија да го претресат комплетно работењето на докторот кој се грижеше за здравјето на Марадона. Токму поради сите случувања, и познатиот аргентински доктор Леополд Луке се одлучи да се појави пред медиуми и да ја објасни целата ситуација и сите моменти во деновите пред смртта на Диего.
„Навистина нема што да кријам затоа што во смртта на Марадона нема медицинска грешка. Се направи се што можеше да се направи, па верувајте дури и повеќе. Нема за што да си забележам на самиот себе, па и на сите во клиниката кои се грижевме за неговото здравје. Го продолжив неговиот живот колку што можев. Го сакав многу Диего и секогаш работев за негово добро“ – вели Луке, кој признава дека неколку денови пред смртта имал караница со Марадона.
„Да, точно е дека неколку денови пред тоа Диего ме избрка од неговиот дом, ме навредуваше како и обично. Но, добро е познато дека кога Диего беше нерасположен пцуеше против целиот свет. Таков беше. Ме бркаше и многупати претходно, но потоа пак ќе се јавеше. Не не сакаше нас докторите, но единствено во нас имаше доверба. Тој ден ги избрка и ќерките. Кога мене ме навредуваше и ме избрка, станав но заминав. Бев во близина затоа што му кажав дека ќе си одам само ако стане од креветот. Го натерав да стане, затоа што тоа беше важно за неговото закрепнување. Но,…“ – истакнува докторот на Марадона.
Што се однесува околу причините за смртта…
„Неговата смрт не е последица на последната операција. Едноставно кај пациент со таква историја најчести се срцевите удари. Диего се бореше многу, но мислам дека на крај попушти. Беше многу тажен и депресивен. Не сакаше да гледа никого, му недостасуваа родителите, и како да сакаше самиот да се казни. Беше осамен, се обидовме да го промениме неговиот животен стил, но тој не беше човек за седење дома. Горд сум за се што направив за него и семејството, иако не знам зошто сега бараат виновници на сите страни. Медицинска грешка во неговата смрт нема“ – вели Леополд Луке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА