Се огласи и Ливерпул по трагичната смрт на Жота: „Скршени сме…“

Фудбалскиот клуб Ливерпул се огласи по повод трагичната смрт на Диого Жота.

Од клубот побараа да се почитува приватноста на семејството и најблиските роднини и пријатели на фудбалерот, и дека нема да дава дополнителни коментари во моментов.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул е скршен од трагичната смрт на Диого Жота.

Клубот е информиран дека 28-годишникот починал во сообраќајна несреќа во Шпанија, заедно со неговиот брат Андре.

ФК Ливерпул нема да дава дополнителни коментари во овој момент и бара да се почитува приватноста на семејството, пријателите, соиграчите и персоналот на Диого и Андре, додека се обидуваат да се помират со незамисливата загуба.

Ќе продолжиме да им ја пружаме нашата целосна поддршка“, стои во соопштението на клубот.

И останатите премиерлигаши изразија длабоко сочувство за смртта на португалскиот фудбалер.

Се вчитува...