Се огласи и менаџерот: Левандовски заминува во Барселона!?

Роберт Левандовски е се поблиску до трансфер во Барселона. Преговорите за продолжување на соработката со Баерн Минхен се оддолжија, а полскиот напаѓач има желба да се пресели во Каталонија на „Камп Ноу“.

Според пишувањето на шпанските медиуми, Барселона го контактирала неговиот менаџер Пини Захави, кој исто така дал позитивни вибрации и спремен е да преговара за трансферот.

Со оглед на тоа што наскоро ќе наполни 34 години, Роберт повеќе не е приоритет за клубот, а Баерн може и да заработи бидејќи Барселона е подготвена за него да плати и 40 милиони евра. Агентот на Левандовски за каталонските медиуми потврди дека имал контакт со Барселона и дека трансферот би можел да се реализира на лето.

 

 

 

Се вчитува...