Се огласи и Роналдо со најава за репрезентативна пензија: „За жал, сонот за трофеј на СП заврши… Не вреди да се реагира со жешки глави“

Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо се огласи по вчерашната елиминација на Португалија од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство 2022 во Катар.

Роналдо не изнесе некои свои заклучоци по завршувањето на сонот за освојување на СП, но на некој начин најави своја репрезентативна пензија…

„Освојувањето на светско првенство за Португалија беше најголемиот и најамбициозен сон кој го имав поставено во мојата кариера. Иако освоив многу титули на меѓународна сцена, меѓу кои и со Португалија, името на нашата земја на највисокото скалило во светот беше мојот најголем сон. Се борев за тоа. Се борев силно за овој сон. Во петте настапи што ги имав на светските првенства во овие 16 години, секогаш дадов се од себе. Оставив се што имав на терен. Никогаш не го свртев грбот во борбата која ја водев и никогаш не се откажав од тој сон. За жал, вчера сонот заврши и не вреди да се реагира додека се уште сме „жешки“. Само сакам сите да знаете дека многу работи се кажаа, многу работи се напишаа, многу се шпекулира, но мојата посветеност кон Португалија не се смени во ниту еден момент. Секогаш бев оној кој се бори за целта на сите и никогаш не сум им свртел грб на колегите и мојата земја. Засега нема многу да се каже. Благодарам Португалија. Благодарам Катар. Сонот беше убав додека траеше… Сега, се надевам дека времето ќе биде добар советник и ќе дозволи секој да донесе свои заклучоци“– порача Роналдо преку својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Се вчитува...