Фудбалскиот свет се уште го размрдува темата околу елиминацијата на Јувентус од Реал Мадрид со контроверзниот пенал во 93. минута во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Бројни реакции имаше по таа средба но никогаш не се огласи најпрозваниот, судијата Мајкл Оливер. Англичанецот денови по натпреварот добиваше и смртни закани, а извесен период доби и полициска заштита. Дури кога емоциите и страстите се смирија, Оливер се одлучи да проговори за официјалната интернет страница на Фудбалскиот сојуз на Англија.
Англискиот судија вели дека тешко го преживеал се што се случувало по контроверзниот натпревар, дополнувајќи дека го смирувало само тоа што добивал и многу пораки со поддршка, главно од анонимци…
„Неколку дена чудно се чувствував, но ми беше мило што имав поддршка од луѓето, како од фудбалот така и надвор од него. Тоа ми значеше многу. Луѓето ми доаѓаа на улица, а познати фудбалски имиња ми испраќаа пораки со поддршка. Секогаш е добро да знаеш дека имаш поддршка“ – вели Оливер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА