Се огласи и тепачот Тадиќ: Ме молеа за милост, им удрив бокс во глава, нека се обидат повторно да ме ограбат!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија и на Ајакс, Душан Тадиќ потврди дека бил ограбен среде улица во Амстердам. Србинот откако излегол од својот автомобил, на улицата Ван Егенштрат, пред неговиот дом, од заседа го нападнале две лица со кациги.

Тадиќ во изјава за „Журнал“ обелодени дека инцидентот се случил на крајот на јули, по што објасни како ги истепал насилниците кои сакале да го ограбат.

„Да, вистина е, но сè заврши добро. Им удрив бокс во глава, па потоа бараат милост. Едниот падна двапати на земја … Можат слободно да дојдат и да се обидат повторно да ме ограбат“, изјави Тадиќ.

Се вчитува...