Се огласи и УЕФА: Имаше „двоен допир“ од Алварез, но можеби треба да ги смениме правилата

Поништениот гол од пенал на Хулијан Алварез е главна вест на европската фудбалска јавност во последните дваесетина часа. Така, попладнево со официјално соопштение за оваа тема се јави и УЕФА, потврдувајќи ја исправноста на судиската одлука голот да биде поништен поради двоен контакт на Алварез со топката при изведувањето на ударот од белата точка.

Сепак, од европската куќа на фудбалот напоменуваат дека се планира да се почнат разговори со останатите одговорни институции околу евентуално менување на ова фудбалско правило.

„АТлетико Мадрид поднесе приговор до УЕФА околу инцидентот и поништениот гол при пеналот на Хулијан Алварез. Иако минимален, постоеше двоен контакт, најпрвин од ногата со која Алварез стоеше, а потоа и со онаа со која шутираше. Согласно правилата, ВАР мораше да го повика судијата и голот да биде поништен. УЕФА ќе почне дискусии со ФИФА и со ИФАБ за да утврдиме дали ваквото правило да се промени во ситуација кога двојниот контакт е очигледно ненамерен“, се вели во соопштението на УЕФА.

Се вчитува...