Анита Палус од Послка е жената која работи во Лондон и која успеа да го изнервира Ник Кирјос во финалето на Вимблдон. Немав капа, па температурата дефинитивно имаше ефект. Имав два коктели, не 700 … навистина ми е жал!
Кирјос го загуби финалето од Новак Ѓоковиќ со 4-6, 6-3, 6-4, 7-6. Еден од клучните гемови во мечот беше деветтиот во третиот сет. Кирјос сервираше, имаше 40-0 и не успеа да го освои гемот. Малку подоцна Ѓоковиќ поведе со 2-1 во сетови. Гласните коментари на Анита Палус влијаеја Кирјос да го загуби гемот.
„Зарем ова не е голем, важен натпревар? Па, после секој поен таа ме нервира. Изгледа дека е пијана, сигурно испила 700 пијачки. За волја на Бога, направи нешто. Дај ми мир. Таа навистина не треба да биде тука, да разговара со мене среде гемот“, му рекол Австралиецот на главниот судија Рено Лихтенштајн.
Инаку откако Кирјос се пожали кај судијата, Палус беше за кратко отстранета од трибините. Таа била зад затворени врати 15 минути за да се „отрезни и хидрира“, по што ѝ било дозволено да се врати на своето место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

