Се огласи ќерката на Пеле: Тешко е да се опишат овие моменти…

Легендарниот Пеле веќе еден месец е во болница, откако на 29. ноември Пеле беше примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, а лекарите минатата среда објавија дека болеста напредувала и дека Пеле има проблеми со бубрезите и срцето. Оттогаш, тие не објавија никакви ажурирања за здравјето на Пеле.

На социјалните мрежи се обрати една од неговите ќерки, Кели Насименто која ја објасни ситуацијата на нејзиниот татко.

„Тешко е да се опишат овие моменти. Понекогаш има многу тага и очај, додека друг пат се смееме и се потсетуваме на забавните спомени. Од ова научивме дека мора да се држиме заедно. Тоа е единствениот начин“, напиша Кели.

Се вчитува...