Се огласи Леброн Џејмс: Ви благодарам на сите за молитвите за мојот син!

Една од најголемите НБА-ѕвезди, Леброн Џејмс се огласи по срцевиот застој на неговиот син Брони пред неколку денови.

На младиот кошаркар му се слоши на тренинг по што итно беше префрлен во болница и по укажаната лекарска помош го напушти одделението за интензивна нега. Неговата состојба сега е стабилна, па Леброн почувствува потреба да се заблагодари на сите пораки со поддршка.

„Сакам да се заблагодарам на сите кои праќаа пораки со љубов и молитви до моето семејство. Ве чувствувавме сите и многу сум ви благодарен. Нашето семејство е заедно во овие моменти, сигурни сме и здрави, ја чувствуваме вашата љубов. Ќе кажеме повеќе за се ова кога ќе бидеме подготвени, а сега сакав само да ви кажам колку многу ни значи вашата поддршка“ – порача Леброн Џејмс преку социјалните мрежи.

Инаку, Брони Џејмс е член на Универзитетот на Јужна Калифорнија. Се очекува за некоја година да биде драфтуван во НБА.

Се вчитува...