Некогашниот легендарен напаѓач на Украина, Андреј Шевченко, се огласи по победата на украинската репрезентација во Скопје. Украина после пресврт во вториот дел од 2-0, успеа да стигне до триумфот од 2-3, а Шевченко ја искористи можноста да им честита на фудбалерите.
Тој напиша дека момците на Ребров покажале извонреден карактер и покрај негативата во првиот дел, и на крајот заслужено победиле.
„Одлична игра и карактер на нашиот национален тим вечерва. Заслужена победа и после неверојатениот кам-бек во вториот дел. Честитки до нашиот тренер Ребров за неговото неверојатно деби и победа. Една од многуте“, напиша Шевченко на својот профил на „Инстаграм“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА