Поранешниот претседател на Динамо и бегалец од хрватското правосудство, Здравко Мамиќ, ја коментираше актуелната ситуација во Динамо и откри во кого гледа тренер на сините, по отказот на Сергеј Јакировиќ.
Мамиќ даде свое мислење кој смета дека треба да го наследи Јакировиќ на клупата на „модрите“. Двајцата кои ги спомена веќе биле дел од таборот на „модрите“.
„Не сум јас кој треба да дава упатства. Имам целосна доверба во луѓето кои го водат клубот. Верувам дека ќе донесат добра одлука. Како навивач сакам да кажам дека не треба од игра да се исфрлат Вахид Халилхоџиќ и Ненад Бјелица. Тоа се докажани имиња“, рече Мамиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА