Килијан Мбапе поради повреда ги пропушти репрезентативните натпревари во октомврискиот прозорец, а слободното време го искористи за одмор во Шведска, каде пак се соочи со обвинение за обид за силување изнесено во шведските медиуми.
Французинот помина две ноќи во Стокхолм каде наводно заедно со пријателите меѓу кои и Норди Мукиеле, позајмениот фудбалер на ПСЖ во Леверкузен се обиделе да силуваат млада девојка.
На написите на шведските медиуми се приклучија и светските па интервенираше и самиот Килијан Мбапе кој се огласи на социјалните мрежи нагласувајќи дека станува збор за лажни вести.
„Лажни вести! Ова станува толку предвидливо, само да ги следи публиката“, кратко напиша фудбалерот на Реал Мадрид.
FAKE NEWS !!!! ❌❌❌
Ça en devient tellement prévisible, veille d’audience comme par hasard 😉 https://t.co/nQN98mtyzR— Kylian Mbappé (@KMbappe) October 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА