Играчот на данската репрезентација Расмус Хојлунд, влезе од клупата и го постигна победничкиот гол за неговата селекција против Португалија.
Откако 22-годишникот постигна гол, тој истрча до аголот на теренот за да слави со соиграчите, а потоа ја изведе познатата прослава на Роналдо „сиу“, додека португалскиот ветеран Роналдо сето тоа го гледаше од средината на теренот.
Хојлунд по натпреварот изјави дека нема намера да го навредува Роналдо и дека само го копира неговиот идол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА