Капитенот на Сенегал, Садио Мане, проговори за последната одлука на КАФ да ѝ го одземе трофејот од Африканскиот куп на нации на неговата репрезентација и да му го додели на Мароко.
Една од најшокантните одлуки се случи синоќа, точно 58 дена од финалето на Африканскиот куп на нации, кога Африканската фудбалска конфедерација (CAF) објави дека конечниот резултат ќе биде 3-0 за Мароко.
Мане проговори и неговиот збор ќе го потпише секој нормален навивач и љубител на оваа игра.
„Ова навистина ги премина сите граници. Ова не е фудбалот за кој се бориме, ниту Африка во која веруваме. Има премногу корупција во нашиот фудбал и тоа ја задушува страста на милиони навивачи низ целиот континент. Играчите даваат сѐ од себе на теренот, но одлуките надвор од него одлучуваат за натпреварите и трофеите. Длабоко сум разочаран, не само за Сенегал, туку и за африканскиот фудбал како целина. Заслужуваме подобро. Навивачите заслужуваат чесност, транспарентност и почит“, рече Мане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

