Се огласи Шкупи: Ќе ја тргнеме блокадата и ќе може да ангажираме играчи

Шкупи доби забрана за трансфери од страна на ФИФА, а по тој повод се огласи и самиот клуб, кој истакна дека се ќе биде средено.

„Во врска со најновите вести кои кружат во медиумите, поврзани со блокадата на трансфер пазарот на ФК Шкупи, соопштуваме дека наскоро ќе биде поправена од новите сопственици.

Самиот претседател Јасин Коњали ја презеде одговорноста да ги отплати сите долгови што ни останаа како резултат на несоодветните процеси во врска со трансферот на клубот на новите менаџери.

Како што е познато, за пренесување на документацијата е потребно време, додека документите се веќе во процедура и дека во текот на наредната недела ќе се реши и овој проблем.
Тоа значи дека Шкупи нема да има проблем во јануарскиот преоден рок“, стои во соопштението.

Се вчитува...