Играчот на Шпанија, Педри ќе остане со соиграчите на својата репрезентација до крајот на настапите на Европското првенство во Германија, и покрај тоа што можеби нема да ги игра натперварите до крајот на првенството.
Педри се повреди вчера на натпреварот со Германија по еден старт на Тони Крос врз него, по што мораше многу рано да го напушти теренот, а неговата замена Олмо го постигна првиот гол за Шпанците за водство од 1-0.
Од шпанската федерација истакнаа дека Педри има истекнување на лигаментите на левото колено од втор степен.
„Фудбалерот ќе остане со соиграчите до крајот на ова натпреварување на Европското првенство“, стои во соопштението на федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА