Се огласи таткото на Сала: „Секоја надеж сега е згасната….“

И британските служби официјално информираа дека е пронајден авионот во кој бил аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој пред две недели исчезна на пат меѓу Нант и Кардиф.

Потрагата најпрво беше прекината по само неколку дена, но откако семејството на Аргентинецот собра пари истата продолжи и вроди со плод. Синоќа беше објавено дека остатоци од авионот во кој бил Сала дефинитивно се пронајдени. Но, телата на фудбалерот и пилотот – не.

Сепак, и светски ескперти од оваа област нагласуваат дека тешко успеале да преживеат еден таков пад.

За аргентинските медиуми и таткото на Сала потврди дека авионот е пронајден, и дека се остварени црните сомнежи.

„Не можам да верувам. Ова е сон, многу лош сон. Очајни сме. Секој ден се слушав со истражителите. Кога слушнав дека е пронајден авионот, сега веќе секоја надеж е згасната“ – рече Хорацио Сала.

А, според сите случувања, иако се уште се чека на официјалниот извешта, експерти коментираат дека падот на авионот бил поради тотална дезориентација на пилотот.

„И онака неискусен, недоволно обучен за летови, пилотот веројатно комплетно се изгубил среде маглата над Англискиот канал. Поради тоа и барал да се спушти на пониска висина што било кобно“ – коментираат експерти од авиосообраќајот.

Се вчитува...