Огромни се проблемите со кои се соочува Црвена Звезда во клучниот дел од сезоната, ако се знае дека покрај серијата евролигашки порази „црвено-белите“ повторно останаа и без главниот центар Џоел Боломбој.
Големиот борец настрада во последната четвртина од синоќешниот дуел со Милано, веднаш беше касно дека проблемот не е нималку наивен, а Боломбој внепосредно по завршувањето на натпреварот беше пренесен во една од белградските клиники. „Црвено-белите“ вечера се огласија околу здравствениот статус на центарот, обелоденувајќи дека е избегнато најцрното сценарио – Боломбој нема скршеница.
Сепак, повредата не е наивна и Боломбој ќе мора да отсуствува околу еден месец, што би значело дека тој нема да може да се врати до крајот на регуларниот дел од евролигашката сезона.
Црвена Звезда во следното коло ќе се сретне со Олимпијакос, меч за кој тренерот Сферопулос ќе го има единствено Браун од високите кошаркари на располагање. Покрај Боломбој, посериозно повреден е и Лука Митровиќ, додека Петрушев нема да смее да настапи бидејќи е дојден на позајмица во Црвена Звезда токму од Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА