Хари Мегваер, најскапиот дефанзивец во светот вели дека тој и неговиот соиграчи не прават доволно добро и тоа мора да бидат цврсто заедно. Англискиот репрезентативец кој летово направи трансфер на Олд Трафорд се огласи на социјалните мрежи испракајќи порака до навивачката заедница на Јунајтед.
Во катастрофалната сезона на Манчестер јунајтед, Мегваер комплетно се вклопи во играчкото сивило. „Црвените Ѓаволи“ во најлошиот старт на сезона во последниве 30 години се на 12. позиција на табелата со само два бода повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.
Not good enough, gutted. We must stick together #MUFC ?❤ pic.twitter.com/PPm8eYfT6F
— Harry Maguire (@HarryMaguire93) October 8, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА