Се огласија и РФМ и КФСМ: Откажани и сите ракометни и кошаркарски натпревари!

Огромна трагедија ја потресе утрово Македонија! По избувнат пожар околу 3 часот по полноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како што информираат од МВР, има најмалку 51 жртва, млади лица.

На концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани присуствувале повеќе од 1.500 лица. Пожарот избил во три часот по полноќ, поради несоодветна употреба на пиротехнички средства, по што настанало гушење на присутните, како и стампедо во кое исто така загинале десетина лица.

Поради трагичниот настани сите домашни спортски институции ги одложуваат сите денешни спортски натпревари. Сосема очекувано, нема спорт денеска во Македонија.

Се огласија и од Ракометната федерација на Македонија информирајќи дека се одложуваат сите натпревари.

„Ракометната федерација на Македонија по големата трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории. Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата. Упатуваме искрено сочувство!“ – велат од РФМ.

Исто така се огласи и Кошаркарската федерација од каде информираат дека се одложени сите кошаркарски натпревари во сите категории.

Се вчитува...