Се огласија од Барселона за суспензијата на Мбапе: Срамно и апсурдно!

Килијан Мбапе ќе паузира само еден натпревар поради бруталниот старт над играч на Алавес во минатото коло, по кој заработи директен црвен картон. За голгетерот на Франција се очекуваше повисока суспензија, поради стартот, меѓутоа шпанската федерација одлучи да го суспендира само на еден меч, оној против Атлетик Билбао.

Се огласија од Барселона по повод оваа казна, и ја нарекоа смешна и апсурдна. Тие очекуваа повисока казна за напаѓачот на Реал Мадрид.

„Срамота, апсурд Тој можеше да предизвика лоша повреда, скршеница. Ако некој од нашиот тим го направеше истото, тогаш не знам што би се случило. Ова е целосно нефер“, рече потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте.

Се вчитува...