Шансите Новак Ѓоковиќ да се закити со нов трофеј на мастерс-турнирите значително се зголемуваат од ден на ден, особено по изненадувачките резултати во последните два дена во Шангај.
Првиот носител Јаник Синер вчера поради повреда го предаде својот меч, а денеска настапот во Шангај го заврши и третиот носител Александар Зверев, кој загуби со 1-2 во сетови од Французинот Риндеркнеш. Овој француски тенисер досега немаше победа над ривал од Топ 10 друштвото во кариерата, но денеска одигра одлично, враќајќи се од негатива од 0-1 во сетови и со импресивни 6-3, 6-2 стигнувајќи до следната рунда.
Ѓоковиќ по вчерашните елиминации на Синер и на Фриц сега е убедливо најдобро рангиран тенисер што се уште е дел од турнирот, со отворен пато кон трофејот. Новак утре го игра осминафиналето против Шпанецот Мунар, а во случај на победа во четвртфиналето би се сретнал со подобриот од мечот Диало – Бергс…
Навидум излгеда лесно, но најважно сепак ќе биде Ѓоковиќ да одигра најдобро што знае…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

