Се пали алармот на Лопетеги – И Алмерија го зеде „скалпот“ на Севилја

Севилја и во третиот натпревар на стартот на новата сезона во Ла лига не успеа да стигне до триумф, откако вечерва загуби на гостувањето кај Алмерија со 2-1 во последниот меч од саботната програма од третото коло.

Тимот од Андалузија стигна до водство од 0-1 со голот на Оливер Торес во 30. минута, но тоа беше се што успеаја на мечот. Прво домаќините израмнија со голот на Рамазани во 42. минута, додека конечните 2-1 ги постави Садик во 55. минута.

 

 

Се вчитува...