Се пензионира на само 23 години: Миси Френклин го напушта пливањето

Петкратната олимписка шампионка, Американката Миси Френклин, се повлекува од пливањето на само 23 години и вели дека е „подготвена да не биде во болка секој ден“. Неверојатната Френклин која на 17 години освои четири златни медали на Олимписките игри во Лондон, во писмо до ЕСПН информираше за повлекувањето. Таа има константни болки во повреденото рамо и психички проблеми со депресија.

„Пливањето беше мојата прва љубов. Освојувањето медали имаше смисла, работиш напорно, имаше позитивен став, тренираш секој ден, даваш се од себе, стануваш побрз и добиваш награда. Но, полека сфаќам дека олимпиското злато не ми е најголемиот сон во животот, мајчинството ми е“  – напиша Френклин.

Миси Френклин стана првата жена која освоила шест златни медали на едно Светско првенство. Тоа и успеа на шампионатот во Барселона во  2013 година. Се пензионира со вкупно 11 златни медали од планетарните собири.

Проблемите со менаталното здравје и почнале пред Олимписките игри во Рио во 2016 година.

 

 

 

Се вчитува...