Се пензионираше екс францускиот репрезентативец

Џереми Менез, екс францускиот репрезентативец и поранешен член на неколку гиганти меѓу кои Милан, ПСЖ, Рома, се реши да стави крај на кариерата на 37-годишна возраст.

Последен клуб во кој Менез настапуваше е Бари, и официјално таму ја завршува кариерата. За Франција играше од 2010 до 2013 година, каде забележа 24 настапи и постигна два гола.

Менез професионалната кариера ја почна во Сошо, а потоа играше во Монако, па во Рома, ПСЖ, Милан, Бордо, Анталијаспор, Америка, Париз ФЦ, Реџина и Бари. Освои две шампионски титули со ПСЖ, и еден Куп на Франција.

Менез ќе остане запаметен како стрелец на еден од најубавите голови на Милан во историјата.

Се вчитува...