Се пензионираше тенисерот кој го одигра најдолгиот меч во историјата на тенисот

Францускиот тенисер Николас Мају (43) ја заврши богатата играчка кариера во која освои пет титули во двојки од Гренд слем турнирот во Париз Мастерс 1000.

Во кариерата долга 25 години, Мају играше заедно со Пјер-Иго Херберт, и победија двапати на Ролан Гарос (2018 и 2021) и по еднаш во Њујорк (2015), Вимлдон (2016) и Мелбурн (2019).

Во вторник тој го одигра последниот натпревар во својата кариера.

„Секако, најубавите спомени се поврзани со титулите освоени на Гренд слем турнирите. Исто така, ќе се сетам на сè што доведе до освојувањето на трофејот, сомнежите што ги имав, грешките што ги направив. Сето тоа ја прави кариерата богата, а мојата беше таква – рече Мају по поразот во првото коло.

Мају ќе остане запаметен по тоа што во 2010 година во првото коло на Вимблдон, го одигра најдолгиот меч во светот на тенисот. Средбата се ираше три дена, и траеше 11 часа и пет минути, и на крајот славеше противникот, Џон Иснер. Петтиот сет траеше осум часа и 11 минути, а заврши со 70-68.

„Уживам кога зборувам за тој меч, беше лудо искуство. Таа средба ми донесе многу, и како играч, и како човек“, изјави Мају.

Се вчитува...