Се поблиску е кам-бек на Славен Билиќ во Англија

Според британските медиуми, Славен Билиќ е меѓу сериозните кандидати за преземање на клупата на Блекбурн Роверс во случај клубот да одлучи да ја прекине соработката со сегашниот тренер Валериен Исмаел.

Оваа информација ја носи познатиот новинар Бен Џејкобс, наведувајќи дека челниците на Блекбурн размислуваат за промени поради лошите резултати.

Тимот моментално е во зоната за испаѓање од Чемпионшип и се наоѓа на 22-то место со 29 бода, три помалку од првата сигурна позиција. Билиќ подолго време е без ангажман, па се очекува да се врати на работата.

Се вчитува...