Се подготвува „бомба“ на белградска Маракана: Играч на Јувентус доаѓа во Црвена Звезда

Црвена звезда планира големи засилувања во летниот преоден рок. Едно од имињата што би можеле да дојдат во Маракана е српскиот репрезентативец Филип Костиќ.

Српскиот шампион е подготвен да му го даде на Костиќ најголемиот договор во историјата на клубот. Се очекува Звездан Терзиќ во наредните денови да има интервју со 33-годишниот фудбалер и да му го претстави планот на клубот за во иднина.

На Костиќ ќе му биде понудена плата од три милиони евра. Покрај тоа, ќе има и бројни бонуси, па оваа бројка би можела да биде значително поголема.

Нема сомнение дека Костиќ ќе има и други понуди на маса. Црвена Звезда, сепак, игра на картата на Лигата на шампионите, понудата е исто така врвна и сега е на српскиот репрезентативец да одлучи.

Минатата година Звезда беше пред потпис со Душан Тадиќ, но на крајот овој играч се реши да замине во Азија.

Се вчитува...