Се подготвува „чистка“ во Трабзонспор, Турците откриваат дали и Барди заминува

Новиот тренер на Трабзонспор, Ненад Бјелица на крајот од сезоната ќе направи „чистка“ во соблекувалната, со оглед дека голем број од играчите нема да му бидат потребни за следната сезона. Оваа најава доаѓа после лошата сезона на Трабзон, кој минатата сезона ја освои титулата, и имаше големи амбиции. Меѓутоа тимот веќе не е во борба за ниту еден трофеј.

Турските медиуми откриваат кои се тие играчи кои ќе го напуштат тимот, и дали Енис Барди е меѓу нив, со оглед дека во изминатиот период имаше многу шпекулации околу неговата иднина во турскиот тим.

На списокот на оние кои ќе заминат се Жан Филип-Гбамин, кој е на позајмица од Евертон, а исто и офанзивецот Јузуф Јазичи кој е на позајмица од Лил. Од составот ќе отпадне и Начи Унувар кој е позајмен од Ајакс.

Од тимот веројатно заминуваат Марк Бартра, Бруно Перес, а веројатно заминува и Марек Хамшик. Енис Барди засега не се споменува како еден од играчите кои ќе си одат, и покрај тоа што Трабзон сигурно ќе размисли ако за него стигне добра понуда.

Се вчитува...