Баерн Минхен не игра добро сезонава, и веќе е јасно дека после 11 последователни шампионски титули, сезонава ќе остане без неа. Баерн е веќе елиминиран и од Купот, а во Лигата на шампионите ќе треба да „брка“ негатива од еден гол од Лацио на реваншот во Минхен.
Јасно е дека „Баварците“ ќе имаат и нов тренер од идната сезона, но веројатно ќе има и голема „чистка“ во соблекувалната на тимот од Минхен.
Според „Билд“, од Баер ќе си заминат дури седуммина играчи, а некои имиња се за изненадување во јавноста.
Одамна се отпишани Ерик Чупо-Мотин и Буна Сар, на кои им истекуваат договорите, а освен нив, ќе си заминат и Свен Улрајх, Џошуа Кимих, Лирој Сане и Алфонсо Дејвис, а Мануел Ноер е името кое се појавува како изненадување за заминување.
Ноер наводно „ширел негативна атмосфера“ во соблекувалната, и бил против поголемиот дел од тренерите досега, и му се подгтовува заминување, и покрај тоа што и натаму е еден од најдобрите голмани на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА