Се подготвува голема трампа во која Роналдо заминува од Манчестер Јунајтед?

Кристијано Роналдо синоќа се врати во екипата на Манчестер Јунајтед откако Ерик Тен Хаг го суспендираше поради караница во текот на дербито со Тотенхем. Роналдо тогаш одби да влезе во игра.

Синоќа против Шериф во Лигата на Европа постигна гол против Шериф во победата од 3-0. Тоа му беше само трет гол оваа сезона. Роналдо и натаму бара да си замине од Јунајтед, а англиските медиуми јавуваат дека би можел да си отиде откако Јунајтед планира голема размена на играчи.

„Мирор“ пишува дека може да дојде до размена на играчи меѓу Атлетико Мадрид и Јунајтед. Атлетико е подготвен да се откаже од Жоао Феликс. Скапото засилување кое беше платено дури 127 милиони евра, оваа сезона не е во планот кај Диего Симеоне и одигра само 613 минути.

Феликс е долгогодишна желба на Јунајтед, а од друга страна Атлетико е еден од ретките клубови кој може да ги исполни финансиските барања на Роналдо.

Се вчитува...