Црвена Звезда би можела да го ангажира рускиот кошаркар Алексеј Швед. Според српските медиуми, двете страни веќе „длабоко“ се навлезени во преговорите, и одличниот Русин би требало наскоро да биде обелоденет како ново засилување за белградските „црвено-бели“.
Швед (34) веќе соработувал со тренерот на Звезда, Душко Ивановиќ, па би можело повторно да дојде до соработка.
Русинот има понуди и да се пресели во Кина, но и од еден евролигаш. Тој досега играше во ЦСКА Москва, а беше дел и од Химки и Динамо. Играше и во НБА за Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк Никс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА