Се подготвува летна „чистка“ на Олд Трафорд: Осум играчи заминуваат од Манчестер

Манчестер Јунајтед планира да продаде најмалку осум играчи ова лето, според „Мирор“, што би му овозможило на клубот да ја заврши една од своите главни трансфер цели – потпишувањето на играчот од средниот ред на Нотингем Форест, Елиот Андерсон , кој се проценува на околу 100 милиони фунти.

Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд, Мануел Угарте, Џошуа Зиркзе и Андре Онана ќе бидат продадени. Клубот ќе добие околу 64 милиони фунти за првите двајца, бидејќи тоа се клаузулите во договорите со Наполи и Барселона за позајмица на играчите.

Клубот се надева дека ќе добие околу 19 милиони фунти од продажбата на Онана, кој моментално е на позајмица во Трабзонспор. Угарте, кој беше платен за 50,8 милиони фунти, и Зиркзе, кој отиде во „Црвените ѓаволи“ за 36,5 милиони фунти, ќе бидат продадени со сериозна загуба, но изворот не кажа какви цени поставил клубот за нив.

Тирел Маласија, Џејдон Санчо и Каземиро си заминуваат како слободни агенти, но Манчестер Јунајтед ќе мора да ослободи огромни суми пари од нивните плати. Само Бразилецот моментално заработува 350.000 фунти неделно.

Се вчитува...