Голгетерот на Манчестер Сити игра одлично во дресот на Манчестер Сити. Откако стигна во овој клуб, ги руши сите рекорди, ги освои сите титули, а веќе кружат приказни како би можел да го напушти клубот на лето, и кариерата да ја продолжи во најтрофејниот клуб во ЛШ – Реал Мадрид.
Приоритет број 1 за Реал Мадрид останува и натаму Килијан Мбапе, но неговата „сага“ нема така лесно да заврши, па лесно може да се случи „кралевите“ да се свртат кон Ерлинг Халанд, кој има специјална клаузула во 2024 година.
Како што јавува „АС“, Халанд и луѓето околу него сметаат дека тој би ја освоил Златната топка лани доколку бил дел од Реал Мадрид, па дури и дека еден член од неговото семејство почнал преговори со Реал Мадрид.
Исто така во целата приказна е вклучен и неговиот екс соиграч од Борусија Дортмунд, и сегашен на Реал Мадрид, Џуд Белингем кој му раскажувал на Халанд за животот во Мадрид и за клубот, и дека го наговара за трансфер.
Во Мадрид сметаат дека за сума од нешто повеќе од 100 милиони ќе успеат во зделката, затоа што наводно во 2024 година ќе се активира клаузулата која ќе му овозможи да си замине од Сити по „поволна“ цена. Цифрата засега не се споменува, но таа не е проблем да биде платена од „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА