Се подготвува мега-размена: Ракитиќ во Јунајтед, Марсијал во Барселона

Сезоната е се уште на својот почеток, а менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, размислува за летниот преоден рок. Тој посакува да го види Хрватот Иван Ракитиќ на „Олд трафорд“ и подготви интересна размена што ќе им ја предложи на челниците на каталонскиот клуб. Португалскиот стратег е подготвен на „Камп Ноу“ да го испрати Антони Марсијал, крилниот напаѓач кој падна во втор план во редовите на „црвените ѓаволи“.

marsijal real

Ова би можела да биде многу интересна понуда и за Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, со оглед дека и тој се почесто го остава Ракитиќ на клупата за резерви, а кубури со крилни напаѓачи, посебно откако се повреди и Осман Дембеле.

Се вчитува...