Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури подготвуваат нов меѓусебен спектакл. Веќе е договорена нов бокс меч меѓу двајцата во мај, кој официјално се очекува да го најават на 18. февруари.
Вајлдер и Фјури се соочија пред крајот на минатата година, но борбата заврши без победник. ВБЦ исто така сака оваа борба да се одржи па претседателот Маурицио Сулаиман веќе во два наврати го помести рокот до кога двајцата боксери може да се договорат. Сега тој е до 18. февруари.
Промоторот на Фјури, Франк Ворен, информираше дека Тајсон во понеделник (18. февруари) ќе има важна објава која ќе го израдува боксерскиот свет.
„Работевме на некои нешта и мислам дека Фјури својата иднина ќе ја најави во понеделник“ – вели Ворен.
Според добро информирани извори борбата меѓу Вајлдер и Фјури ќе се случи на 18. мај во Њујорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА