Евролигата пред две години доживеа голем земјотрес, со трансферот на Костас Слукас од Олимпијакос во Панатинаикос. Овој трансфер донесе големо воодушевување кај навивачите на Панатинаикос, а огромно разочарување кај нивниот ривал.
Оваа година е на повидок да се случи сличен таков трансфер. Иако нема да биде директен од едниот во другиот тим, сепак, екс играч на Панатинаикос, би можел да се пресели во Олимпијакос.
Станува збор за Ник Калатес, кој цели осум години го носеше дресот на Панатинаикос во два мандати. Првиот пат од 2009 до 2012 година, а потоа и од 2015 до 2020 година. Потоа замина во Барселона, па во Фенербахче, и од 2024 година е во Монако.
Договорот со Монако му е до 2026 година, но тренерот на Олимпијакос Јоргос Барцокас е голем фан на Калатес, а згора на тоа тимот од Пиреја сериозно размислува за него, после новата повреда на Кинан Еванс.
Сепак, за да се оствари трансферот, Калатес најпрво треба да го раскине договорот со Монако, па потоа да се врати во Атина, но овој пат не во зелениот, туку во црвено-белиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

