Се подготвува ново револуционерно правило во фудбалот: По голот во гости, се УКИНУВААТ И ПРОДОЛЖЕНИЈАТА!?

Минатата година УЕФА и ФИФА се одлучија да ги укинат головите во гости, а сега се воведува ново ревулицонарно правило. Според БИЛД, УЕФА размислува од идната сезона да ги укине и продолженијата во нокаут натпреварите во сите клупски натпреварувања.

Така, при ист резултат и на домашен и на гостински терен, односно ист број постигнати голови по двата натпревари на двата тима, нема да се играат повеќе двапати по 15 минути, туку веднаш се оди кон изведување на пенали.

Идејата е, според БИЛД, да се игра подинамично во регуларниот дел, односно да се брка пласман понатаму уште по 90 минути.

Оваа идеја ќе биде на гласање на Извршниот комитет на УЕФА на 30. мај во Минхен.

  1. Да се укинат продолженијата, и да се изведуваат веднаш пенали
  2. Оние екипи кои ќе завршат меѓу првите осум екипи на табелата во ЛШ, ЛЕ и ЛК, да добијат „награда“ во тоа што реваншите во 1/4 финалињата би ги играле на домашен терен
  3. Да нема средби меѓу екипи од исти земји пред 1/4 финалето

Се вчитува...