Во тек е подготовка за размена на играчи помеѓу Борусија Дортмунд и Барселона. Според информациите од Каталонија, Барселона е подготвена на „Вестфален“ да го испрати американскиот интернационалец Сержињо Дест, за да го добие потписот на белгискиот интернационалец Томас Мение.
Мение веќе подолго време е на „радарот“ на Барселона, откако Чави бара нов десен бек. Изборот наводно паднал на Мение, додека, пак, се шпекулира дека Белгиецот не е во најдобри односи со раководството и со тренерот, особено после последниот меч со Вердер кога беше оставен на клупата.
Барселона сака да се ослободи од високата плата на Дест, за да може да го регистрира Кунде, и затоа бара решенија. Би требало во следните денови да се случи и трансфер на Мемфис Депај за да се реши овој проблем, а пред заминување од Барса е и Пјер-Емерик Обамејанг кој се поврзува со заминување во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

