Првото големо српско дерби сезонава помеѓу Црвена Звезда и Партизан ќе биде во Евролигата каде белградските гиганти силите ќе си ги одмерат во 11. коло.
За разлика од минатото кога поради безбедносни причини не беше дозволено присуство на гостински навивачи, овој пат на трибинтие во „Штарк“ арена се очекуваат околку илјади приврзаници на Партизан.
Оваа идеја доаѓа на иницијатива на Црвена Звезда која сака првично оваа сезона да бидат разменети по илјада влезници, а трендот да се зголемува во иднина.
Натпреварот ќе биде одигран во четврток со почеток од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА