Францускиот интернационалец Антоан Гризман на лето и дефинитивно ќе го напушти Атлетико Мадрид, а се чини дека ја одбра и својата следна дестинација. Тој ќе направи спектакуларен трансфер во каталонскиот гигант Барселона, ако може да се верува на најавите на „Мундо Депортиво“.
За Гризман се заинтересирани сите големи европски клубови, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, како и шпанските ривали Реал Мадрид и Барселона. А одлуката да остане во Шпанија се чини дека веќе ќе ја има донесено неговата сопруга Ерика Чоперена. Барселона е нејзиниот избор, па може да се очекува Антоан Гризман за сума од 100 милиони евра следното лето да се пресели на „Камп Ноу“.
Тоа и не се премногу пари за каталонскиот гигант, ако се знае дека нудеше и повеќе за ангажман на Фелипе Кутињо од Ливерпул. Но, оваа сезона стана јасно дека на Барселона и е потребен и нов напаѓач, со оглед дека Луис Суарез и не може сам да го носи товарот бидејќи не игра во препознатливата голгетерска форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА