Се поголем интерес за бисерот на Црвена Звезда (ВИДЕО)

Младиот напаѓач на Црвена Звезда, Јован Мијатовиќ веќе во зимскиот преоден рок би можел да замине од редовите на белградскиот гигант. За 18-годишникот постоеше интерес од Јувентус, а сега во трката за неговиот потпис се приклучија и Фејенорд и Зенит, пренесуваат српските медиуми.

Талентот на „црвено-белите“ белесна во европските натпревари и со тоа го примами интересот на поголемите европски клубови, а со оглед на тоа што Црвена Звезда нема да има европска пролет се очекува негово заминување за сума од пет милиони евра.

Се вчитува...